Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски до сите

Четврток, 09 Јули 2020

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ за ИЕ 4, Марија Костадинова со видео порака упати јавно обраќање до граѓаните, до гласачите, за заложбите на нејзината партија за создавање модерна инфраструктура во земјата и патишта со кои непречено, сигурно и брзо ќе комуницираме стоковно и патнички со светот. Во своето денешно обраќање истакна:

„Ние, граѓаните на Општина Гевгелија ја имаме ретката можност да бидеме дел од основниот крвоток во државата - автопатот „Пријателство“ кој поминува низ нашата територија.

Одовде нашата земја се спојува со земјите од Европа, создаваме пријателства, пренесуваме производи за извоз, трговски стоки, создаваме нови можности за развој.

Во новиот мандат, со програмата на СДСМ за 2020-2024 година, се обврзуваме дека ќе инвестираме во:
• Изградба на автопатишта во должина од 260 километри.
• Изградба на експресни патишта во должина од 300 километри.
• Изградба на локални патишта од 950 километри.
• Рехабилитација на постоечки патни правци од 1.500 километри.
• Сите овие инвестирања во патната инфраструктура значат почеток на Проектот „Безбедни патишта” во нашата земја.

Патиштата ќе не' направат поблиски до сите.
Патот на напредокот ќе го изградиме и изодиме заедно!“ - поентираше Костадинова во своето обраќање на тема инфраструктура и комунално осовременување на нашата земја и населените места.

Last modified on Четврток, 09 Јули 2020 - 17:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.