Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Вторник, 07 Јули 2020

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ нашата земја, според бројноста на илегалците, најголем досега, од почетокот на годината.

Имено, вчера, на 06.07.2020 во доцните часови, во 23.40 часот во атар на с.Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција „Југ“ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од с.Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.
Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Last modified on Вторник, 07 Јули 2020 - 13:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.