Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со видео обраќање до младите упатува на мерките и економските политики кои ги нуди нејзината изборна опција за младите.
На претстојните предвремени парламентарни избори од 1,9 милионското гласачко тело голем дел се токму младите, а нивниот избор за иднината која им претстои во своето работно и животно ефектуирање во земјава е особено битно.
Костадинова посочи дека Коалицијата „Можеме“ за сите млади кои ќе се втурнат во водите на претприемаштвото нуди:
- ОСНОВАЊЕ на фирма со минимален износ за главнина од 1 евро;
- „Нула денари“ персонален данок за сите млади (до 29 години), кои се нововработени во приватниот сектор, истиот ќе биде исплаќан од страна на државата на сметка на младите вработени лица,
- СДСМ и коалицијата „Можеме“ обезбедува грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за женското и младинско претприемништво, со што ја стимулира деловната инвентивност на младите;
- Доколку се решат за самостоен бизнис од областа на Информатичките технологии, тогаш персоналниот данок ќе изнесува „НУЛА“ посто“ во 2023 година;
- Просечната плата до крајот на мандатот 2024 година се обврзуваме дека ќе ја покачиме за 30 %,
- Вложуваме 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување.
Таа ги повика младите да бидат граѓани на современиот свет, рамноправни бизнис партнери со генерациски блиски млади луѓе од земјите на Европската Унија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.