Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката листа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Среда, 01 Јули 2020

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од Миравци, општина Гевгелија е пример за родовта еднаквост која влезе на еднаква врата со останатите членови на изборните листи на СДСМ. Таа е кандидат за ИЕ 4 и е на високата 6-та добитничка позиција. Верувајќи во победата на коалицијата „Можеме“ на претстојните Вонредни Парламентарни избори, таа пред гевгеличани синоќа ја истакна важноста за обезбедување функционалност на државата, преку оформување на легитимни институции со чист мадат.

- „За мене како Ваша сограѓанка голема е честа да бидам кандидат за пратеник од победничката листа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.
Живеам на село. Доаѓам од Миравци, образованието е мојата професија. За него имам најмногу да кажам, но ќе бидам најкратка: „Пред три години од ДПМНЕ наследивме модел кој, ќе го опишам како позајмено име од звуен бренд, преоптоварен со администрација образовен кадар, збунети ученици, родители обврзани да се вратат во основно заедно со своите деца - и да бидат ученици. Во овој дел ни' требаат темелни и суштински промени“ истакна Костадинова во делот на својата професионалност - образованието.

Таа посочи дека: - „Како иден пратеник, како коалиција со мнозинството во Собранието и носител на извршната власт во следниот мандат нагласувам дека земјоделските политики во нашата програма се проектирани во правец на понатамошен развој и поддршка на земјоделецот и неговиот труд“.
За правото и правдата истакна дека „За нас како партија и коалиција тоа е врвен приоритет во идниот мандат. Правдата ќе стигне секаде каде што треба, каде што ја повикуваме изминативе три години“.
Ги апострофираше политиките на СДСМ концептот „Едно општество за сите“, хуманиот пристап и грижата за секој поединец, нов концепт на социјални политики насочени кон грижата на поголем број најпогодени и маргинализирани групи, практични и законски решенија во корист на секој поединец, достоинствена социјална грижа, редовни пензии.

Во своето обраќање пред гевгеличани Марија не ја заобиколи и темата за рудниците која што ја сервираше опозицијата како нов проект за „обнова на рудниците“ иако токму владата на ДПМНЕ во својот мандат доделуваше концесии за рудници, а Владата на СДСМ ги поништуваше истите. Таа кажа:

- „Сум категорично против рудници, против било која стопанска гранка во чија основа е тешката индустрија во Гевгелија која е закана по нашата животна средина. СДСМ бил и останува на ставот дека природата, чистата животна средина, нашата околина се нашата компаративна предност и по тоа решение нема компромис по никоја цена“.

Костадинова го спомена и капиталниот проект кој го започна Владата на СДСМ и ќе заврши со изградба во мандатот на СДСМ. Тоа е Конска Брана, проект од врвен приоритет од 70-те години наваму.
- „Не е парола туку факт дека СДСМ е тој што во поновата наша историја ја препознавал посебноста на Гевгелија имал визија за неа, ја преточувал таа визија во конкретни политики и проекти и одработувал за добробит на општината“ нагласи таа за капиталниот проект Конска Брана вреден 40 милиони евра кои се слеваат во оваа инвестиција од средства на државниот буџет.

Таа ги повика гевгеличани да се приклучат на големата победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на 15 јули, заокружувајќи го бројот 3 на изборното ливче, со зборовите:

„Ако под водство на СДСМ за само три години мандат државата успеа да се врати на вистинскиот колосек, да застане на цврста подлога, да тргне економијата и стопанството, од вртење во круг и тапкање во место сигурно да тргнеме напред, бидете убедени дека ние, СДСМ, навистина можеме подобро и повеќе. Ни' треба доверба од Вас и нов мандат. Ве повикувам да бидете дел од победата на нашите листи под број три.
Во меѓувреме, драѓи пријатели - чувајте се, од ковидот и од лицемерието на ДПМНЕ“ - го заврши своето обраќање Марија на граѓанската трибина во Гевгелија, која поради ковид состојбата се одржа на отворено во ограничен број на присутни, со заштитни маски, дистанца и поделба на дезинфекциони средства на сите присутни заедно со програмата на СДСМ за следниот мандат 2020-2024 година.

 

Last modified on Среда, 01 Јули 2020 - 19:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.