Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

ОЈО Гевгелија со 25 казни за непочитување на полицискиот час, меѓу кои и 70 годишњаци

Среда, 20 Мај 2020

Основното јавно обвинителство-Гевгелија до Основниот суд во Гевгелија достави предлози за издавање на казнен налог против 25 лица кои спротивно на забраната за движење за време на полицискиот час, без дозвола пеш или со возила се движеле низ Гевгелија, Нов Дојран, Богданци и нивната околина.
Меѓу обвинетите се и двајца старци на возраст од 73 и 76 години кои се соочуваат со условни затворски казни затоа што пијани се движеле за време на полициски час.
(Законот важи за сите, и возраста и полот не се начин за одбегнување на одговорноста за непочитување на забраната за движење за време на вонредната состојба со корона епидемијата).

За двајца обвинети, 73 и 76 години, кои биле затекнати во алкохолизирана состојба како се движат за време на полицискиот час, едниот со мопед, а другиот со автомобил, Обвинителството му предложи на судот да им изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку лицата не сторат друго кривично дело во рок од една година по правосилноста на пресудата.


Во 21 одделен кривично правен настан, непочитувајќи ја забраната за движење дваесет и петмината обвинети го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Најголем број, десет лица од обвинетите се од Богданци, пет од Гевгелија, четири лица од Скопје и по едно лице од Демир Капија, Валандово, Велес, Куманово, Босилово и Конче.

Обвинителството за 23 обвинети побара од судот сите да ги огласи за виновни и да им изрече парични казни во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.

Секоја поединечна казна изнесува сумарно 1.000 евра по прекршител.
Гевгелија при крајот од минатиот месец стана град со затворен корона кластер., Новите казнени налози за жители од седум други различни општини кои сториле прекршок на мерката „забрана за движење за време на полициски час“ на подрачјето на општина Гевгелија само укажува колку сме крхки по прашањето на заштитата од корона епидемијата со новите меѓуопштински движења, контакти и социјални комуникации на граѓаните.

За рекордот еве уште еден доказ: Денеска Јавното обвинителство на РСМ издаде 68 казнени налози и 1 (едно) обвинение. ОЈО Гевгелија е на прво место со 25 казни (од кои 23 глоби и 2 условни казни), следува Скопје со 19 казнени налози, па Гостивар со 16 казнени налози и едно обвинение, Дебар со 5 и Штип со три казнени налози.

ОЈО Гевгелија, од почетокот на вонредната состојба и воведувањето на мерката „полициски час“ досега има изречено вкупно 108 казнени мерки, од кои 106 казнени налози и 2-те условни казни за „старците рекордери“.


Last modified on Среда, 20 Мај 2020 - 23:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пристигна избирачкиот материјал во ОИК Гевгелија, право на глас имаат 19.107

Општинската изборна комисија во текот на вчерашниот ден го прими гласачкиот

Повеќе

Панчевски во бегство, полицијата го бара за да го притвори

По изрекувањето на мерката 30 дневен притвор од страна на Велешкиот Суд,

Повеќе

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.