Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Информативна сесија за GLOW во Гевгелија

Понеделник, 05 Мај 2014

Овој вторник (Шести мај), Волонтерскиот Центар Гевгелија организира информативен прием во врска со кампот за лидерство „ГЛОУ“ (девојките го водат светот)

 

Овој вторник (Шести мај), Волонтерскиот Центар Гевгелија организира информативен прием во врска со кампот за лидерство „ГЛОУ“ (девојките го водат светот). Програмата на „ГЛОУ“ е конкурентска и достапна на сите девојки во Македонија кои зборуваат англиски. Се работи за осумдневен камп за лидерствo (2-9 август) кој има за цел да го развие внатрешниот потенцијал на младите девојки во Македонија со тоа што ќе им овозможи да стекнат знаење и вештини за да станат активни лидери во нивните заедници. Кампот го промовира познавањето на англискиот јазик, лидерството, тимската работа, успешно решавање на проблеми како и креативното изразување.
Во кампот се вклучени активности за уметничко изразување, волонтирање, животни определби, здравје, женски студии, граѓанско општество и јакнење на свеста за животната средина (ќе се именуваат неколку).

Минатата година, над 300 девојки се пријавија да присуствуваат на кампот, но само 80 од нив беа избрани. Ова е престижен камп. За време на женскиот камп, девојките ќе стекнат нови искуства и пријатели од цела Македонија, а дури и ќе имаат шанса да се сретнат со американскиот амбасадор во Македонија.

Волонтерскиот Центар Гевгелија ќе организира информативна средба за ова кампување во вторник на 6-ти мај во 18 часот во галеријата на хотел „Аполонија“ (учениците кои се втора смена може да дојдат после часовите). Оваа средба е отворена за сите средношколци од I-III година и родителите кои сакаат да слушнат нешто повеќе за оваа програма. Ќе имате можност да слушнете за искуствата на претходни учесници кампери, не само од камперите туку и од нивните родители низ дискусија, а ќе можете да погледнете и презентација во врска со очекувањата од кампот. Апликација може да пополните на самиот настан. Скот Џонсон, волонтер од Мировен Корпус, исто така ќе презентира за YMLP (Young Men's Leadership Project) - Проект за лидерство кај млади момчиња. Кампот за момчиња ќе се одржи во јуни. Момчињата средношколци од I-III година се исто така поканети да присуствуваат на овој настан.

Last modified on Понеделник, 05 Мај 2014 - 20:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.