Топ Новости

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар покачен

Понеделник, 06 Април 2020

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05 април во Гевгелија наврнаа вкупно 90 литри дожд на еден метар квадратен.
Заедно со количинската водена маса наврната во текот на месец март која изнесува 107 литри на 1м2, почвата во гевгелиско за изминатите 36 дена примила 197 литри дождовница. Тоа значи дека петте изминати врнежливи денови од април не им остави можност на земјоделците за работа на своите земјоделски посеви.

Ова се податоци измерени од Метеоролошката станица во Гевгелија.

Како резултат на врнежливиот период водостојот на површинските води бележи зголемување. Денешните податоци од УХМР велат дека нивото на реката Вардар е 298 см, што е за 110 мерни единици поголем од просекот вообичаен за април месец од минатите години (податок земен од мерната хидролошка станица за површински води кај Демир Капија). И во течението на Вардар кај Гевгелија нивото е забележително покачено. Широкото речно корито не остава сомнежи за опасност од излевање. 
Состојбата со нивото на Дојранското е само за три мерни единици повисоко од просекот во април и изнесува 147,27 мнм и е за 2,44 мнм повисоко над „нулта котата“. Разликата расте од ден не ден, така за разлика од вчера има пораст од само 0,01 мерни единици.

Измерениот воздушен притисок денеска во Гевгелија е 1.019 hPa и е за 39 мерни единици повисок од нормалниот воздушен притисок, што може да предизвика реакции кај метеопатите и лицата со хронични заболувања. Затоа, хроничнозаболените лица треба да ја примаат редовно својата вообичаена медикаментска терапија.
Од утре не очекува сончево време со максимални 20 степени од целзиусовата скала и ќе продолжи и до петокот до максимални 24 степени над нулата.

Зајдисонцето настапува во 19:00 часот. Останете дома за ваше здравје и здравјето на сите.


Last modified on Понеделник, 06 Април 2020 - 18:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.