Топ Новости

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во Општина Гевгелија

Петок, 03 Април 2020

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош на социјалните категории граѓани со делење на паќети за лична хигиена.

Оваа мерка беше превземена од страна на Општината уште со првиот ден од прогласувањето на вонредна состојба во државата заради спречување на ширењето на корона вирусот. Една од клучните препораки на Светската здравствена организација во таа насока е одржувањето на личната хигиена, честото миење раце, за да немаат граѓаните можност преку нечисти раце или предмети да внесат корона вирус во својот организам.
Првиот дел од акцијата беше спроведен од 17 до 24 март, а денеска продолжува втората акција на доделување пакети за лична хигиена на социјално-ранливите категории (корисници на гарантирана минимална помош, корисници на Народна кујна и корисници кои искористиле право на еднократна парична помош). Овие лица се и членови на семејства кои се одредени според список од Центарот за социјални грижи- Гевгелија.

Покрај пакет со средства за лична хигиена, од Општината известуваат дека социјално-ранливите категории добиваат засилена помош од донаторот „Жито Пром“- Гевгелија, а тоа е вреќа брашно и кутија кроасани, за секое лице од списокот корисници одреден од Центарот за социјални грижи од Гевгелија.

Мобилните екипи формирани од Општина Гевгелија продолжуваат со акцијата за пружење помош и достава на храна на социјално-загрозените лица кои ја користат од Народната кујна.

Мобилните екипи се на располагање и на старите лица- самци и стари изнемоштени лица, на кои им е потребна помош околу купување храна и лекови и плаќање сметки за домаќинство. Станува збор за околу стотина корисници на гарантирана минимална помош, согласно евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Заштитни средства (маски, ракавици и дезинфекциони гелови) веќе им се поделени на сите 23 такси компании во општината, кои располагаат со 60 возила.

Со овие акции Општина Гевгелија излегува во пресрет во корист на граѓаните грижејќи се за јавното здравје, се' со цел да се превенира ширењето на Корона вирусот.

 

Last modified on Петок, 03 Април 2020 - 13:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.