Топ Новости

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Среда, 01 Април 2020

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат дезинфекциони бариери за возилата кои влегуваат во градот.

Ова значи реализација на една од 11-те посебни мерки за заштита на ширењето на корона вирусот во Гевгелија, донесени од Општинскиот кризен штаб во понеделникот, еден ден по утрвдениот еден позитивен случај на корона носител (заболен од Ковид-19) во Гевгелија.

Ова е првата од трите локации на кои ќе бидат поставени дезинфекциони бариери за возилата: влезот на Гевгелија пред надвозникот, со сензори на двата влеза во Гевгелија, т.е. пред надвозникот и на патниот правец Негорци-Гевгелија, кои ги обезбеди Општина Гевгелија, а ги поставува екипа од Кавадарци која е добавувач на истите, со помош на ЈПКД „Комуналец“, во соработка со ОВР-Гевгелија.

Третата локација на дезинфекциони бариери е на Граничниот премин Богородица и бидејќи се работи за меѓународен пат, упатено е барање од ОКШ истиот да го одобри Главниот координативен кризен кризен штаб на државата.

Иако денеска временските услови се вонредни за работа, особено за крај како нашиот југ, сепак се работи непречено и без застој за поставување и ставање на функција на дезинфекциските бариери. Во текот на денот функционалноста е воспоставена.


Last modified on Среда, 01 Април 2020 - 16:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.