Топ Новости

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Понеделник, 30 Март 2020

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените згради, населените места, дезинфекциски бариери на влез во Гевгелија и на Праничниот премин Богородица - наложи денеска Општинскиот кризен штаб на Гевгелија како нови 11 мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. Ова беше одлучено на денешната седница закажана напладне, како вонредни мерки за спречување на ширењето на корона заканата по дијагностицираниот еден позитивен случај во Гевгелија.

Општинскиот кризен штаб ги донесе следниве мерки:

1. Да се изврши дезинфекција на сите улици во Гевгелија, која акција започна уште од синоќа, а ја спроведува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
2. Да се изврши дезинфекција на сите тротоари и јавни површини во Гевгелија, која акција веќе е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со ТППЕ- Гевгелија и Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
3. Да се изврши дезинфекција на сите влезови на колективни станбени згради во Гевгелија и во населените места, која акција е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, општина Гевгелија и претседателите на Станбените заедници.
4. Да се изврши дезинфекција на улиците и јавните површини во сите населени места, која акција е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје-ПЕ Гевгелија, Општина Гевгелија и претседателите на Месни заедници.
5. Да се постават дезинфекциони бариери со сензори на двата влеза во Гевгелија, т.е. пред надвозникот и на патниот правец Негорци-Гевгелија, кои ќе ги обезбеди Општина Гевгелија, а ќе ги постави ЈПКД „Комуналец“ во соработка со ОВР-Гевгелија.
6. Да се упати барање до Главниот координативен кризен кризен штаб за поставување на дезинфекциони бариери на Граничниот премин Богородица.
7. Да се упати барање до Главниот кризен штаб за обезбедување заштитни скафандери за припадниците на МВР (вкупно 30 броја) .
8. Во Гевгелија пунктот за земање на брис за COVID 19 е поставен во просториите на Одделението за кожни болести, кое се наоѓа на влезот од Општата болица во Гевгелија, а приемот на пациенти е исклучиво со упатство од матичен лекар.
9. Воведени се дежурни телефони - Сите граѓани кои имаат потреба од консултација за психолошка поддршка можат да се обратат на дежурните телефонски броеви: 076 304 990 и 078 331351 за возрасни лица во текот на 24 ч. За психолoшка поддршка за деца и адолесценти, консултации на дежурниот телефонски број: 078218031.
10. Покрај забраната за работа на Градскиот пазар во Гевгелија (четврток), донесена е и забрана за работа на Пазарот во Миравци (петок).
11. За потребите на Општата болница и Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, Општина Гевгелија обезбеди 2 комплетa на медицински паравани, кревети и витрини за лекови.


Last modified on Понеделник, 30 Март 2020 - 18:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.