Топ Новости

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Недела, 29 Март 2020

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително хлорирање на водата за пиење се последните мерки што денеска ги превзедоа од Јавното локално комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија.

Мерката за дезинфицирање на улиците и јавните површини каде престојуваат граѓаните, беше превземена уште со формирањето на Општинскиот кризен штаб во Гевгелија, по прогласувањето на вонредна состојба во државата поради корона вирусот. Улиците се миеја секој ден етапно, па се објави дека ќе продолжат таквите акции секој петти ден. Но, детектираниот и дијагностициран случај на заболен пациент од „Ковид-19“ во Гевгелија ги натера надлежните по комунална хигиена да ги засилат мерките.
Денес попладне по почетокот на полицискиот час цистерните на Комуналец со дезинфициенци поминаа низ улиците во Гевгелија.

Дополнително од ЈПКД „Комуналец“ известуваат дека е од 20 март по препорака на ЈЗУ „Институт за јавно здравје“ од Скопје, а согласно најновите препораки од СЗО пристапено е кон зголемување на концентрацијата на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција од вирусот COVIT-19.
Оваа концентрација на хлор е дозволена горна граница на ниво на хлор во водата и не е штетна по здравјето на населението. Надлежни од ЈЗУ „Инститит за јавно здравје“ Гевгелија и технологот од „Комуналец“ редовно земаат мостри за испитување на резидуалниот хлор во водата, известуваат од локалното комунално претпријатие.

Поради денеска евидентираниот еден случај на корона во Гевгелија, за утре е најавена седница на Кризниот штаб на Општина Гевгелија на која треба да бидат разгледани и превземени нови дополнителни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот и заштита на јавното здравје на граѓаните.

Инаку, и понатаму во сила е забраната за присуство, движење во јавни паркови, детски игралишта и други јавни површини, Динќут, Вардарски рид, Градскиот парк кај Железничка станица Гевгелија, кои остануваат затворени како мерка на заштита на населението.


Last modified on Недела, 29 Март 2020 - 22:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.