Топ Новости

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Четврток, 26 Март 2020

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека Основните Јавни обвинителства во девет градови од државата меѓу кои и Гевгелија поднесени се 26 предлози до Судовите за изрекување парични казни за прекршителите на мерките за спречување на ширењето на вирусот корона. Од сите Основни Јавни обвинителства издадени се предлози за парични налози и тоа во Радовиш (4), Свети Николе (3), Дебар (2), Ресен (3), Гостивар (4) и Скопје (1), а по бројот на казните предничи ОЈО Гевгелија, која побара парични казни за девет (9) лица од Гевгелија, што е 34,5 % од непочитувачите на мерките во државата. 

Еве за какви предлог казни до Судот денеска извести ОЈО Гевгелија:
„Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Чертворица од нив, допатувале на 18 март во Република Северна Македонија од Р.Грција, Р.Турција и Р.Бугарија како земји со среден или висок ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од обвинетите предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност“. Тоа е 2.000 евра по едно лице сторител (н.з.).

Пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата на Р.С.Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност“, се вели во соопштението на ОЈО Гевгелија. Конкретно, за овие пет прекршители глобата е 1.000 евра по лице-прекршител.

Денешниот непосакуван рекорд на прекршители во Гевгелија е евидентен, ако споредиме дека само во текот на синоќешниот полициски час во државата се изречени 66 забрани и 37 приведувања на прекршители на забраната за движење како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.


Last modified on Четврток, 26 Март 2020 - 16:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.