Топ Новости

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на Гевгелија

Среда, 25 Март 2020

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во текот на денот на барање на GevgelijaNET не' извести дека:
„На ден 24.03.2020 година, во 08:30 часот, по телефон во ПС ОН Гевгелија, од страна на директорот на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија пријавено е дека ноќта на 23/24.03.2020 година, од страна на НН лице/а оштетени се клупите и садниците на градскиот плоштад во Гевгелија, со тоа што истите се откорнати од жардињерии и фрлени на земја.
Веднаш по пријавувањето на настанот формирана е увидна екипа од ОВР-Гевгелија, по што се превземени сите потребни оперативно-тактички мерки за пронаоѓање на сторителот. За многу кратко време од страна на полициски службеници пронајден е сторителот А.А. (70 годишен) од Гевгелија, (лице со здравствени проблеми) истиот по консултации со ОЈО Гевгелија е хоспитализиран во НПБ „Негорци“.
По целосно документирање на настанот од страна на ОВР-Гевгелија ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО-Гевгелија, за сторено кривично дело по член 206 од Кривичен законик и констатирани прекршоци по основ на сторена материјална штета.“

Ова го потврдува МВР-ОВР Струмица преку портпаролот Хризантема Рендевска.

Инаку, денеска од Нервно Психијатриската Болница Негорци добивме известување дека лицето А.А. кое веќе 32 часа хоспитализирано во Болницата ја примил потребната терапија и сега е во стабилна состојба.
Се работи за лице кое веќе имал престој во Болницата, во 2009 година, но поради подобрувањето на здравствената состојба подвргнат е на домашно лекување со примање на редовна терапија и посета на Дневниот Центар за ментално здравје во Гевгелија. Тој е питом градски лик, често присутен во центарот на градот, со голема доверба од сопствениците на локалните продавници кои го ангажирале да им зачисти, да им товари нешто, да им исцепи дрва, дури и да им однесе дневен пазар до Банката.
Лицето е корисник на социјална пензија од 6.000 денари и помош за нега во износ од 4.000 денари, а при приемот во Болницата кај себе поседувал пари, што значи непримањето на редовната медикаментна терапија, што довело до влошување на менталното здравје, не е поради немање средства туку психичка реакција на вознемиреност поради немањето одговор: „Зошто нема никој во градот? Зошто никој не го контактира? Зошто секаде каде што подработувал во текот на денот е затворено“.

Лицето А.А. живеело само, а денеска во Болницата бил посетен од страна на неговиот брат.

Ова е официјална информација од МВР-СВР Струмица и од надлежните здравствени заботници, по што веруваме ќе престанат шпекулациите во јавноста дека полицијата не објавува податоци за сторителот за да го заташка случајот. Случајот е решен, сторителот е пронајден и хоспитализиран, мерката на прекршокот треба да ја констатира ОЈО, а да ја потврди судски орган. Со оглед на тоа што се работи за болно лице најверојатно е дека највисоката казна од една година затвор за прекршување на член 206 од КЗ за физичко лице, ќе биде заменета со лекување во психијатриска установа.

Мирно и спокојно остани Гевгелија, во четвртата ноќ од забраната за движење која веќе започна од 21 часот и ќе трае до изутрина до 05 часот.


Last modified on Среда, 25 Март 2020 - 21:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.