На Собирот на граѓани во Гевгелија кандидатот за претседетел од СДСМ пред граѓаните порача: „Масовна излезеност за да ја спречиме кражбата на Груевски!“.
-Во првиот изборен круг бевме предмет на ситемски фалсификат. Не смееме повеќе да аминуваме ниту еден фалсификат на власта на Груевски, којашто ги краде изборите последните неколку изборни циклуси, повика Пендаровски.
Тој во Гевгелија се обрати пред насобраниот народ на плоштадот кај фонтаната во центарот на градот, каде ниту дождот не ги спречи гевгеличани да ги слушнат пораките од својот претседателски претендент.
-Нашата понуда е подобра, реална и чесна, народот тоа го препозна. Тоа мора да најде свој одраз во гласачките кутии. Ако не, режимот ќе се соочи со народот, рече Пендаровски.
Во обраќањето пред гевгеличани тој упати повик и до сограѓаните од другите етнички заедници.
-Со бојкот ни еден проблем не се решава. Со бојкотот само ќе му дадете уште еден мандат на досегашниот претседател и на неговиот ментор Никола Груевски, рече Пендаровски.
Им се обрати и на неопределените.
-Нека не ве залажуваат дека има алтернативна опозиција. Единствената организирана политичка сила која што е подготвена да се спротивстави на режимската власт на Груевски е здружената опозиција на чело со СДСМ.
Масовна излезност на 27-ми април, за волјата на народот да ги спречи нечесните намери на нечесната власт на Никола Груевски, повика кандидатот за претседател на РМ, Стево Пендаровски на собирот со граѓани вечерва во Гевгелија.
Времето беше врнежливо но граѓаните беа излезени, да дадат поддршка, за Промени.
Пред гевгеличани зборуваше и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Првата мерка на 28-ми ќе биде слободата. Ве повикувам да направиме промени за доброто на државата рече Заев на собирот во Гевгелија.
Пред граѓаните се обратија и кандидатите за пратеници од ИЕ4 од Гевгелија, Сашо Поцков и Маја Зафирова.