- „Нема да дозволиме уште едни криминални избори. Ќе се спротивставиме оти Македонија е и наша земја“, порачаа челниците на СДСМ -Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шеќеринска при вечерашната посетата на Гевгелија.
Претседателот Заев посочи дека Гевгелија се наоѓа на портата на Европа, но благодарение на оваа власт, таа порта со години е затворена.
- „И покрај кандидатскиот статус во 2005 година, портата на Европа за Македонија, останува затворена и се држи Македонија изолирана. Зошто? За да може да не биде под послушност на европските закони и правила. За да може да троши 500 милиони евра на споменици и музеи, додека народот му е гладен на нашиот досегашен премиер. За да се пљачка без никаква контрола, надвор од сите европски правила и стандарди, кои важат во демократските земји“, оцени Заев пред гевгеличани.
- „На 13-ти сите заедно ќе ја испратиме пораката дека Македонија ќе добие претседател како што доликува и заслужува, а при тоа ќе најави и заминување на оваа власт“, додаде Заев.
Тој се заблагодари за работата на досегашниот пратеник Саве Марачков, за кој најави дека треба да биде дел од идната извршна власт.
Заменик претседателката, Радмила Шеќеринска рече дека на 13-ти април битката е за вистински претседател, но и за промени во секоја област од нашето живеење, битка за иднината на Република Македонија.
- „Секое дете заслужува мирно детство. Секој човек заслужува вистинска шанса. А секоја нормална држава, ама баш секоја, заслужува вистински претседател“, нагласи во своето обраќање Радмила Шеќеринска.
Никој да не се плаши од промена на власта - ќе добиеме и слобода, и иднина, и среќа, порачаа Заев и Шеќеринска пред гевгеличани
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/434-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0.html#sigProGalleriaea9ec49393
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите
Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска
Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за
Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа
Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век