На 5ти април, во хотел Аполонија, со почеток во 13:00 до 16 часот, во склоп на Волонтерскиот Центар ќе се одржи семинар на тема КЛИПС програма. Предавач на овој семинар е Ник Мотвани, волонтер од Мировен Корпус во Прилеп. Тој доаѓа од Калифорнија и моментално е волонтер во младинска организација во Прилеп, каде што води свое сопствено радио шоу.
Главна тема на овој семинар е КЛИПС програмата. Научната програма за граѓанско лидерство (КЛИПС) во Прилеп е програма за развој на младите, која им дава можност да го отријат своето место во светот и нивната способност да ја направат разликата на нештата. Самата програма секоја недела вклучува: работилници, разговор на различни теми, споделување искуства, гости предавачи, дебати и дискусии на одредени теми, практична и теренска работа, споделување искуства, индивидуално менторство, сето тоа со цел да им се овозможи на младите да се развијат во идни граѓански лидери. Програмата е дизајнирана токму за младите да се стекнат со лидерски вештини, кои понатаму ќе им помогнат да се вклопат во општеството и надвор од него. Исто така, самата програма им нуди можност на младите да се стекнат со вештини и ресурси за подобрување на нивното образование и кариера, особено на интернационално ниво.
Ник Мотвани, исто така, ќе зборува и за бенефитите од волонтеризмот, младинскиот активизам и обуки за лидество. Тој исто така, ќе обезбеди информации за можностите на членовите на КЛИПС програмата за студирање надвор од државата и за многу други можности на интернационално ниво.
Овој семинар ќе биде понуден од Волонтерскиот Центар само еднаш, затоа не го пропуштајте!
Настанот ќе биде проследен со кафе и закуска.