Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Претседателскиот кандидат на СДСМ Пендаровски пред гевгеличани

Вторник, 01 Април 2014

На отворена сцена во отоврен разговор со граѓаните присутни на плоштадот „Сава Михајлов“ синоќа се одржа предизборното претставување на претседатлскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во Гевгелија

На отворена сцена во отоврен разговор со граѓаните присутни на плоштадот „Сава Михајлов“ синоќа се одржа предизборното претставување на претседатлскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во Гевгелија.

Главна поента во неговото обраќање не беа ветувањата од типот на владините реклами, зошто тоа се ингеренции на извршната власт, туку особено се задржа на спорот со името со Грција, за кој рече дека може да се реши само со државен консензус.

- „Спорот околу името со Грција сигурно нема да го решам сам. Тоа може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900.000 гласови. Без единство тоа не е можно“, рече Пендаровски.
Тој од сцента јавно запраша: - „Кој можел до сега да го распродава македонското име? Само тој што преговарал. Јас до сега не сум преговарал со Грците никогаш. Проблемот со името предлагам да почнеме да го решаваме со точка број еден, државен консензус.“

Тој додаде дека трите области на кои ќе ја насочи својата енергија доколку граѓаните му ја дадат поддршката се економијата, демографијата и човечките права и слободи.

Пендаровски посочи дека негова стратешка цел во мандатот ќе биде департизација на државата за да се промени сегашната ситуација, во која, партизацијата ги поткопува институциите.
- „Срамота е и за најмала работа да се бара партиска книшка и затоа ве повикувам на 13 и на 27 април да донесеме нови луѓе за нов почеток на Република Македонија“ - рече Пендаровски.

Тој додаде дека според економските параметри Македонија е најголема мизерија во регионот и Европа.
- „Поради тоа, иселувањето на младите луѓе е во пораст и државата се празни. Со потценетиот труд на земјоделците, овој крај е целосно маргинилизиран од сегашната партија на власт поради што има и најголема стапка на иселување на младите, а заради тоа веројатно е и опозиционерски расположен. Ве повикувам да не се плашите дека ќе ви ги скратат субвенциите и ова што ви следува и да бидете тоа што сте, затоа што наскоро ќе има нова власт во Скопје“  - им порача Пендаровски на гевгеличани.

Пред посетата на Гевгелија претседателскиот кандидат Пендаровски одржа митинг во Богданци, Стојаково, Дојран и Валандово.

Last modified on Вторник, 01 Април 2014 - 22:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.