Гевгелиските даночни обврзници должат 8,5 милиони евра кон УЈП

Петок, 05 Февруари 2021

Седумдесет (70) даночни обврзници од Гевгелија, од кои 37 се физички лица, а 33 фирми (правни субјекти) должат сума од 520 милиони денари кон Управата за јавни приходи по основ на неисплатен Данок на добивка, ДДВ и Персонален даник, заклучно со декември 2020 година. Тоа е износ во противредност од 8,5 милиони евра што останале кај обврзниците на штета на државата. Што значи, „Имало пари во оваа наша Гевгелија“ (н.з).

Најголем долг во вредност од 11.662.907 денри по основ на неисплатен ДДВ има фирмата НГА „Иншаат Аноним Ширкети“, странска подружница со седиште во Гевгелија.
Следуваат ПИД ДООЕЛ Експорт-импорт со долг од 6,5 милиони денари и „Флос медикал“ ДООЕЛ експорт-импорт со долг од 6.038.813 денари.
Од физичките лица најголем должник е М.Р.А. кој има неисплатени обврски за Персонален данок од доход во висина од 3.421.677 денари (што значи дека остварениот доход за кој не платил персоналец му е десеткратно поголем). На листата должници физички лица има познати нотари, адвокати, судии, па пак адвокати, занаетчии, малостопанственици.

На листата на должници на УЈП има и 24 физички и правни субјекти од општина Богданци. Овде најголем должник е ЈПКД „Водовод“ со неплатен долг по однос на ДДВ, Данок на добивка и персонален данок во вкупен износ од 10.626.287 денари, а од физичките лица предничи Петрушев Илија Васил со долх од 7.124.326 денари по основ на неплатен персонален данок по други основи, (значи не од плата).
Даночните обврзници од општина Богданци заедно и' должат на државата околу 36 милиони денари.

Од обврзниците од општина Дојран должници се четири правни субјекта и две физички лица. Најголем долг има „Дојран“ А.Д. Нов Дојран од 9.385.155 денари (по основ на ДД, ПДД и ДД). Следува „Туристико Полон“ ДООЕЛ увоз-извоз Стар Дојран со долг од 2.244.714 денари направен по однос на (ДДВ, ДД и ПДД). Од поединците, физички лица, најголем обврзник-должник на УЈП е С.И.Ѓ. со долг д 826.923 денари по основ на неплатен персонален данок од плата и ПДД по други основи.
Дојранските обврзници заедно и' должат на држжавата околу 14 милиони данари.

Трите јужни општини се должни над 570 милиони денари кон УЈП, или близу 9,3 милиони евра.


Вкупниот долг кон УЈП изнесува 10,5 милијарди денари

На Листата на должници бр.01/2021 што ја објави УЈП на 27 јануари годинава, присутни се 1.974 должници од цела држава - правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2021 изнесува 10.562.899.875 денари, повеќе за 237.467.663 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.356.128.004 денари (повеќе за 82.035.038 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.771.871 денари (повеќе за 155.432.625 денари од претходната листа).

 

Last modified on Петок, 05 Февруари 2021 - 17:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.