АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за самовработување на невработените лица. по пат на кредитирање за отварање сопствен бизнис. Огласот за аплицирање е отворен до 31 јануари годинава.
Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;
Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.
Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;
– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;
– Каматна стапка од 1% на годишно ниво;
– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);
– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.
Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на