Објавен список на фирми неплаќачи на државна помош кон вработените

Понеделник, 04 Јануари 2021

Од 245 работодавачи во државата, т.е. регистрирани фирми кои добиле а не исплатиле државна помош во вид на гарантирана месечна плата кон вработените на денеска објавениот список од УЈП се наоѓа само една фирма од Гевгелија.

Тоа е ГП „Мориц“ ДООЕЛ Експорт-импорт со регистрационо седиште во Гевгелија, со шифра на дејност 68 „Дејности во врска со нефдвижен имот“. Фирмата во апликацијата за користење државна помош пријавила само еден вработен и инкасирала 20.320,- денари државни буџетски средства од четвртиот пакет економски мерки за помош на стопанството од ковид-19. Овие средства не биле исплатени на вработениот (1 пријавено лице кај споменатиот работодавач).

Од споменатите 245 работодавачи кои ја злоупотребиле владината помош, без плата за ноември 2020 останале 782 вработени. На овој начин злоупоитребени се 12.208.833 денари буџетски средства.

Владата денеска објави ажуриран список на фирми чии работодавачи за месец ноември не им исплатиле плата на работниците иако добиле државна помош за да исплат плата. Списокот е ажуриран откако некои од фирмите по предупредувањето од УЈП дека ќе им бидат блокирани сметките и дека е можно да следуваат и кривични пријави, ја исплатиле платата. На списокот се фирми од различни дејности, од адвокатски канцеларии до печатници.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Вкупниот број компании кои не исплатиле плата за еден, два, или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во Јавното Обвинителство за поведување кривична постапка.



Last modified on Понеделник, 04 Јануари 2021 - 16:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.