Регулаторната комисија за енергетика во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција да ги подмират сметките за електрична енергија, предложи проширување на листата на категории граѓани за субвенционирање на сметките за струја.
РКЕ предлага следните категории ранливи потрошувачи да користат енергетски ваучер:
- домаќинства кои добиваат постојана социјална парична помош,
- домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи;
- домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување и истиот е единствен приход на домаќинството;
- домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и таа пензија е единствен приход на домаќинството;
- домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата;
- домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на траење на пандемијата.
Овој предлог РКЕ го достави до Министерството за економија.
- „Со ова, практично и формално ја почнуваме иницијативата со која сакаме да го зголемиме опфатот на домаќинствата кои не можат во целост да ги подмират фактурите за електрична енергија, или поголем дел од нивните приходи одат за плаќање на фактурите. Целта е преку субвенционирање на одредена сума од страна на државата да се надмине овој проблем“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Секретаријатот на Енергетската Заедница со седиште во Виена ги промовира предлозите за социјална енергетска заштита на ранливите потрошувачи. Неодамна, и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач, укажа дека неопходно е да се обезбеди заштита на ранливите потрошувачи.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може