„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Вторник, 29 Септември 2020

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата за помош на економијата и граѓаните од ковид кризата во земјата е мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат на целиот пресметан ДДВ само за купени производи со македонско потекло во викенд деновите. Ќе се добијат пари назад ако се купи облека, бела техника, санитарија, храна, мебел и друго, само ако се направени во земјава. Исклучок ќе биде само ИТ производите, како компјутер, лаптоп или друга опрема, за кои, без разлика каде се произведени, ќе се враќа ДДВ.

Од Владата велат дека мерката е креирана како помош за справување со кризата и опфаќа повеќе аспекти.

- „Мерката е креирана да се излезе во пресрет на граѓаните преку поврат на ДДВ, како и преку набавка на производи кои им се потребни во ковид – кризата (ИТ опрема), да се инјектираат средства во домашната економија, а воедно и да се придонесе кон сузбивање на сивата економија. “

Првиот бикенд од воведувањето на оваа економска мерка за помош на состојбата во домашната економија со корона кризата во земјата е на 10, 11 и 12 октомври, и мерката „Викенд без ДДВ“ ќе може да ја користат само тие кои ќе скенираат сметката во овие три дена., значи корисниците на апликацијата „МојДДВ“ на Министерството за финансии. Потоа УЈП ќе го враќа ДДВ – то. Оние кој немаат ваква апликација ќе мора да се регистрираат за да може да ја искористат оваа мерка.

„Сите оние даночни обврзници кои што ќе сакаат да ја користат оваа мерка ќе мора најпрво доколку немаат апликација „Мој ДДВ“, да се регистрираат во системот е – персонален данок. На веб страната се внесуваат генералите, име и презиме, матичен број, и валидна e – mail адреса, се отвара барањето го отпечатуваат, го носат во канцелариите на УЈП каде што нашите вработени го одобруваат ова барање“, велат од Управата за јавни приходи.

Во предвидениот викенд граѓаните ќе бидат ограничени и за парите кои сакаат да ги потрошат за да добијат назад ДДВ. Еден граѓанин ќе може да потроши максимум 30 илјади денари за да добие поврат од 5.400 денари. Во викендот без ДДВ редовната мерка „Мој ДДВ“ ќе биде суспендирана.


Last modified on Вторник, 29 Септември 2020 - 16:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.