Македонскиот граѓанин преживува со еден до два долара дневно

Среда, 29 Јануари 2014

И вработените сиромашни, а не пак невработените. Според податоците на Светската банка, со животни трошоци од два долара дневно живее две третини од населението во Македонија, а остатокот од една третина преживува со помалку од еден долар дневно 

Државниот Заводот за статистика и Сојузот на синдикатите редовно ја пресметуваат потрошувачката кошница, која овие денови изнесува над 32 илјади денари. Договореното етапно зголемување на минималната плата од 8 на 10 илјади денари во наредните две години, претседателот на ССМ Живко Митревски го нарече историски успех. Тој денеска не беше во состојба да даде дополнителни појаснувања, а последната информација која ни е достапна е дека договорот го постигнаа владата, синдикатот и работодавачите, што кај владата ги зацврстува очекувањата дека тој и ќе се почитува.

Досегашните искуства говорат дека Законот за минимална плата во практиката се прекршуваше од страна на работодавачите. Според социологот Илија Ацески, јасно е дека најавеното покачување нема да смени ништо значајно во животниот стандард и станува збор само за психолошка игра.

„Тоа е доста провидно и дури би рекол несериозно за оние што подлабоко ги следат тие процеси. Повеќе се работи за една психолошка игра, во смисла дека минималната плата е многу ниска, па за одреден период да ја зголемиме“, вели Ацески.

Со законот за минимална плата донесен пред две години, таа беше утврдена на 8.050 денари, но сепак најзасегнатите индустрии требаше оваа плата да ја достигнат дури во 2015 година. Освен тоа, како што појаснуваат експертите, голем процент од вработените живеат под линијата на сиромаштијата. Потрошувачката кошничка што ја пресметува синдикатот не може да ја достигне преку своите месечни примања голем дел од населението.

„Имам 9.200 денари за струја за плаќање. Еве сега сум појден да платам 2-3 илјади, зошто жената сега зеде 5 илјади од завод. Јас пензијата ќе ја чекам па да доплатам. Имам 17 илјади пензија, а тројца членови сме“, го појаснува начинот на преживување на своето семејство еден анкетиран скопјанец.

Две третини од населението во Македонија живее со под два долари дневно и една третина со помалку од еден долар дневно, според податоците на Светската банка. Она што податоците индицираат гледано низ зголемувањето на разликите меѓу најниските и највисоките приходи кои се исплатени во последниве години е дека класните разлики сè повеќе се зголемуваат што голем дел од луѓето ги остава на општественото дно во тешка борба за елементарно преживување.

Last modified on Четврток, 30 Јануари 2014 - 04:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.