Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Четврток, 04 Март 2021

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три земјотреси на подрачјето на Гевгелија и регионот.

Станува збор за активност на земјиното тло во близина на Лариса Грција. ( на 33 километри северозападно) и населеното место Еласона (населено со 7.000 жители), на 17 километри југозападно од епицентарот на потресот.

Првиот потрес беше со епицентар од 4,8 километри под земјата, вториот со 9, а третиот на длабочина од 10 километри под земјата, (според податоците на Европскиот макросеизмички Центар)..

Последниот потрес беше со јачина од 5,1 степени според Рихтер, вториот со јачина од 3,0 степени, а првиот регистриран денеска беше со јачина од 5,9 степени по рихтеровата скала.

Граѓаните на Гевгелија ги почуствуваа сите три вечерашни потреси, како и вчерашниот кој предизвика материјални штети во Лариса и околните населени места.

Тлото под Лариса и околниот регион во Грција вечерва продолжи да се тресе уште 19 пати, (вкупно 22 регистрирани потреси вечерва) со јачина од 4,1 до 4,3 степени според Рихтер, се до 22:40 часот, а последниот беше регистриран во 03:55 часот на 05.03.2021 со магнитуда од 2,1 степени R. Сите потреси над 4-тиот степен ги почувствуваа и жителите од јужните краеви низ Македонија, пред се' зошто сите Балкански земји па и Грција лежат на иста тектонска плоча. Епицентралното подрачје е оддалечено од Гевгелија 153 километри.



Last modified on Петок, 05 Март 2021 - 04:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.