Земјата под Хрватска не мирува. Наместо да се смируваат и намалуваат земјотресите во Хрватска удираат се' посилно. Попладнево е регистриран нов уште посилен земјотрес од вчерашните со јачина од 6,3 стпени по рихтеровата скала денеска нешто после пладне го погоди Петриње.
Ова е најсилниот земјотрес во Хрватска последните 140 години. Во градот Петриње се забележани големи урнатини што ја покажува силината и разоната моќ на денешниот земјотрес.
Засега познато е дека има голем број повредени но за жртви сеуште нема официјални информации додека метеријалните штети се ставаат засега во втор план.
На помош освен пожарните единици на терен е испратена и војската за да помогне да се расчистуваат улиците.
Во делови во Хрватска нема струја а и телефонските врски се во прекин а голем дел се и преоптоварени линиите заради тоа што сите вртат да видат дали своите блиски им се повредени во овој страотен земјотрес кој го погоди петриње.
- „Половина од градот е урнат. Едно дете за жал го загуби животот. На граѓаните итно им е потребна помош“, изјави градоначалникот на Петриње Даринко Думбовиќ.
Премиерот на Хрватска Пленковиќ изјавил дека во Петриње ги праќа сите расположливи средства за помош во потрагата под урнатините.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а се случил на 46 км североисточно од Загреб, или 9 километри западно од Сисак, на длабочина од 10 километри.
На социјалните мрежи граѓани јавуваат дека овој силен земјотрес се почувствувал освен во повеќе градови низ Хрватска, и во Босна и Херцеговина, во Нови Сад – Србија, како и во Марибор – Словенија.
Болниците во Сисак се оштетени и пациентите ги префрлаат во болницата во Загреб.
Спасувачките екипи се на терен.
Spašavanje nakon zemljotresa u Hrvatskoj uživo na N1 pic.twitter.com/rySAmPs72U
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) December 29, 2020
M6.3 #earthquake (#potres) strikes 44 km SE of Zagreb - Centar (#Croatia) 12 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/1NS1FchWGP
— EMSC (@LastQuake) December 29, 2020
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може