Африканскиот Адолф Хитлер победи на локални избори во Намибија

Петок, 04 Декември 2020

Адолф Хитлер е вистинското име на жител од регионот Ошана во Намибија кој со освоени 1.196 гласови победил на демократски локални избори, одржани минатата недела. Ова не е лекција по историја туку тековни случувања во Намибија, поранешна германска колонија во Југозападна Африка.

Именуван во чест на поранешниот германски лидер, Уунона Адолф Хитлер освои мнозинство од гласовите и освои место во советот на регионот Ошана.

Во интервју за германски Bild, намибискиот Хитлер вели дека за разлика од неговиот злогласен имењак, тој нема амбиции да завладее со светот.

- „Татко ми ми го дал името по тој човек. Веројатно нема поим за што Адолф Хитлер се борел. Најчесто во употреба користам Адолф Уунона. Сега е веќе доцна за да си го променам името“, вели тој.

Намибија била колонија на Германија од 1884 до 1919 година, време за кое Германците извршиле масовни убиства, а локалното бунтовно население било ставано и во концентрациони логори. Денес самата Германија своите дејствија во Намибија ги смета за геноцид. Откако Германците ја загубиле Првата светска војна, биле приморани Намибија да им ја отстапат на Британците, кои пак ја дале под контрола на Јужна Африка од каде во 1990 Намибија се отцепува како независна.

Извор: Bild

RESULTS: Uunona Adolf Hitler of the SWAPO party is the duly elected councilor of the Ompundja Constituency. #NamVotes2020 #NamibiaVotes2020 #EagleFM

Posted by Eagle FM Namibia on Thursday, November 26, 2020
Last modified on Петок, 04 Декември 2020 - 04:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.