Рот: Сите земји членки на ЕУ ја поддржаа преговарачката рамка за С.Македонија, освен Бугарија

Вторник, 17 Ноември 2020

И покрај противењето на Бугарија денеска прашањето за Македонија и проширувањето на ЕУ со нови членки од Балканот, беше дел од дневниот ред на Министерскиот состанок на ЕУ со кој претседаваше германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот.
Германскиот министер Рот е воедно германскиот министер за Европа, и денеска на Министерскиот состанок на ЕУ изрази надеж дека се' уште има простор за пробив во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, за првата меѓувладина конференција да може да се одржи до крајот на годинава, односно додека Германија претседава со Советот на ЕУ.

Рот рече дека сите земји членки на ЕУ, освен Бугарија, во денешната дискусија ја поддржале преговарачката рамка за С Македонија. Тој посочи дека се надева на компромис во наредните денови или седмици.

Германскиот државен министер за Европа рече дека С Македонија и Албанија направиле многу во процесот на евроинтеграција.

„Треба да се испрати јасен сигнал кон Западен Балкан. С Македонија и Албанија направија многу и постигнаа многу, но тоа е долг пат кој почнува со преговори“, рече Рот.
Тој нагласи дека Германија во овој период се обиде да ги приближи позициите на Бугарија и на С.Македонија и дека досега не успеа во тоа, ама дека ќе продолжи да дава поддршка и во наредниот период.

- „Сакаме да ги тргнеме од патот сите пречки за да успееме уште за време на нашето претседавање да ги започнеме меѓувладините конференции. Но, сега не е време билатералните проблеми, што во ова кратко време не успеавме да ги решиме, да ги пренесуваме на европско ниво. Мора како ЕУ да испратиме јасен сигнал на доверба кон Западниот Балкан и притоа, како на Северна Македонија, така и на Албанија, кои многу сработија, да им го отвориме патот кон ЕУ“, нагласи Рот.

 

Last modified on Вторник, 17 Ноември 2020 - 20:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.