Топ Новости

Земјотрес во Албанија - Македонија прати помош

Вторник, 26 Ноември 2019

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според рихтеровата скала утрово во 02:54 часот според тамошното време го протресе подрачјето на Албанија. Силината на потресот кој беше регистриран на 24 километри длабочина под земјиното тло придонесе истиот да го почувствувата и земјите од регионот, Македонија и Србија ( (кај нас регистриран во 03:54 часот утрово). Се наведува дека има девет жртви и над 600 повредени, а се стравува на голем дел затрупани под урнатините.

Македонија се солидаризираше со состојбата на своите соседи, испратена е помош во термални дронови за откривање на затрупани лица под урнатините, а Владата одвои финансиска помош од 100.000 евра, Младинскиот културен центар од Скопје собира донации, испратени се спасувачки тимови.

Од Владата информираат дека веќе се упатени тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја, а вклучен е и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.
Црвениот крст информираше дека од сопствени резерви ќе додели првична финансиска помош од 10.000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош во вкупна вредност од 20.000 евра. Хуманитарна материјална помош се состои во вреќи за спиење, ќебиња, монтажни кревети, пакети со храна и хигиенски пакети.

Воедно објавени се и телефонските броеви за донации 070/075/077 - 143 400 ” како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност: 300-0000013279-66 каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Во знак на солидарност, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе бидат поставени кутии за донации во следните 15 дена. Оттаму потсетуваат дека оваа институција е изградена по скопскиот земјотрес, со финансиска помош на државата Алжир.

Од Град Скопје информираа дека се испратени две екипи, од четворица пожарникари и две лица што ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за откривање евентуални преживеани во урнатините. Дополнително е испратено беспилотно летало кое треба да врши 3Д мапирање на теренот со цел настанатите штети од оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место.


Last modified on Вторник, 26 Ноември 2019 - 16:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.