Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Петок, 26 Февруари 2021

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков.

Судијката Џенета Бегтовиќ ја задолжи полицијата Мијалков да биде спроведен од неговата домашна адреса во КПУ Затвор Скопје.

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина" побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

- „Сметаме дека мерката куќен притвор опеделена за обвинетиот Mијалков не е доволна за обезбедување негово присуство, поради што предлагаме да му биде определена мерка притвор“, рече обвинителката Ристовска.

Таа образложувајќи го барањето појасни дека вчера од МВР добиле известување дека не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, рече, е преку Европол е потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса во Прага и регистрирани две возила на свое име.

- „Особено предлагам да се цени и фактот дека се работи за човек кој што е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, членовите на неговото семејство исто така поседуваат приватни бизниси, и сето тоа му става на располагање можности, пред се финансиски, организира логистика и може да живее во бегство сосем комотно“, рече Ристовска.

Во Судот денеска беаизречени следните пресуди за случајот на СЈО, а сега го води ОЈО „Таргет-Тврдина“:

1.Првообвинетиот Сашо Мијалков дека како директор на УБК формирал злосторничко здружување и злоупотребувајќи ја службената положба и овластувањата од 2008 до 2015 година масовно прислушувал на стотици граѓани, незаконски, без судски наредби, неправосилно осуден е на заедничка затворска казна во траење од 12 години.

2. Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој со Никола Бошковски од УБК избега во Грција на 18.10.2017 година, за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањатa доби 15 години затвор.

3. Ексначалничката Надица Николиќ за истите две дела е осудена на 3 години.

Создавачи на злосторничката група биле Мијалков, Грујевски и Николиќ, а организатор Мијалков.

4. За давање параф да се уништи опремата со која се следеле комуникациите на стотиците телефони, за да се скријат доказите, како најодговорна, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години затвор.

4а. Никола Бошковски, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Гордана Јанкулоска во рок од 3 месеци по правосилноста на пресудата, треба ѝ да ја надоместат штетата на АНБ (поранешна УБК) за уништената опрема. Износот е околу 1,5 милион евра.

Судијката Џенета Бегтовиќ од Основниот кривичен суд продолжи да ги чита пресудите.

5. Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден е на 6 години.

6. Избеганиот Бошковски доби 15 години затвор.

7. Обвинетите Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Силвана Златкова добија условна казна од две години затвор, која нема да ја одлежат ако пет години по правосилноста на пресудата не направат ново кривично дело.

Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, побара непристрасна истрага за 48-часовното бегство на Сашо Мијалков да се види кој му помогна да избега во неделата.

Овие пресуди се првостепени. Следува натамошна постапка пред Апелациониот суд Скопје.

Со ова ЗАВРШИ базичниот случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, воедно и најсложен и најобемен. Од овој скандал со масовното кршење на човековите слободи и права, произлегоа 20-тина обвиненија за корупција и криминал.

Last modified on Петок, 26 Февруари 2021 - 13:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.