Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може да го пронајде за да му го врачи решението за притвор.
Откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му се заменуваат со куќен притвор до изрекувањето на првостепената пресуда, распишана е централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, велат добро упатени извори за Фокус.
Припадници на МВР не можеле вечерва да го најдат поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во својот дом за да му врачат наредба за куќен притвор издадена од Судот. Неофицијално, наредбата доаѓа пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26. февруари, во кој осомничен е и Мијалков.
Полицијата го бара и на повеќе локации низ градот, каде што Мијалков често престојува, како и во зграда во близина на домот за деца без родители во Скопје, каде има стан.
Мијалков е осомничен за нелегално прислушување, а обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови, со што сега следува објавување на пресудата.
Обвинителството кажа дека Мијалков од канцеларија вршел нелегално прислушување. Неговата одбрана ги отфрли обвинувањата.
Повеќе детали се очекуваат од МВР.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен