Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Недела, 14 Февруари 2021

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија, започнува процесот на имунизација од КОВИД-19 во Северна Македонија.
Примопредавањето беше извршено денеска на граничниот премин Табановце лично меѓу премиерите на Србија и Македонија, Вучиќ и Заев.

- „Ова е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Република Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и директно преку производелите Фајзер и Синофарм“ - истапка Премиерот Заев..
Тој посочи дек вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство веќе го објави и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче најави почеток на имунизацијата на населението од ковид-19 согласно Планот за вакцинација и утврдените приоритетни групи за вакцинирање.
- „Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар. Упатувам благодарност за овој пријателски гест до претседателот Вучиќ. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што сме подготвени за вакцинација.
Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години“- истакна министерот.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.