Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите во просек за 185 денари.
На вчерашната 40-та одржана седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година. Истите, согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот, ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари.
Согласно ковид протоколите за скалеста исплата на пензиите и овој месец таа ќе се исплаќа една недела пред истекот на месецот со цел да не се создаваат гужви во Банките. Така, пензионерите ќе може да располагаат со својот платен минати труд преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.
Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на