Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата законска мерка која овозможува возилата со странски регистарски ознаки да се регистрираат во државата. Ваквите возила кои ги користат македонски сопственици веќе нема да мора да излегуваат од државата за да се регистрираат во земјата каде регистрационо се заведени, туку тоа ќе можат да го сторат дома. Ова на социјалните мрежи вечерва го објави премиерот на РСМ Зоран Заев кој напиша:
„Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:
- да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
- да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средства да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата“, напиша вечерва на социјалните мрежи премиерот Заев.
Законот кој ја регулира оваа мерка ги опфаќа моторните возила за превоз на патници (категорија М), возилата за превоз на товар (категорија N), возилата на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О).
Со оваа мерка ќе се обезбеди системско регулирање на учеството на овие возила во сообраќајот и приход на средства кон буџетот и домашната економија во висина од 25 милиони евра кои ќе бидат наменети за проекти од интерес на граѓаните“, соопштуваат од Владата.
Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на...
Posted by Zoran Zaev on Thursday, January 14, 2021
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на