Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Вторник, 12 Јануари 2021

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина во понеделникот, 11 јануари, на 90-годишна возраст, во Скопје како последица на претрпен срцев удар кој му се случил пред Нова година.

Често ја посетуваше и ја сакаше Гевгелија. Присуствуваше на културни настани во кои се организираа и одвиваа во неговиот роден крај. Последната наша средба беше на отварањето на ликовната изложба на познатиот македонски академик Васко Ташковски во изложбениот салон на хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик.

Тој е роден на 28 август 1930 година во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Беше почесен член е на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите, како и професор гостин на неколку југословенски, европски и американски универзитети.

За член на МАНУ беше избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година беше потпретседател на МАНУ, а од 1 јануари 2008 година и претседател на Академијата.

Во МАНУ, од 1993 година го раководеше проектот „Историја на културата на Македонија“, од кој во негова редакција беа издадени 20 тома.

Беше член на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.

Старделов беше плоден научен работник во повеќе дисциплини: филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.

Носител е на државната награда „11 Октомври”, наградата „13 Ноември” на Град Скопје, наградата „Кочо Рацин” за најдобра книга на годината (Experimentum Macedonicum), наградата на ДПМ „Димитар Митрев” за најдобра книга на критиката („Керубиновото племе“), Светската награда на хуманизмот, како и на повеќе странски признанија.

Академик Георги Старделов има објавено над 20 авторски книги. Во 2000 година му се објавени избрани дела во девет томови.

Погребот на академик Георги Старделов ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел” во Скопје на 13 јануари (среда) 2021 година.

По повод смртта на академик Георги Старделов, МАНУ и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ќе одржат заедничка Комеморативна седница на 13 јануари (среда) 2021 година, во 10 часот, преку видео-конференциска врска со употреба на интернет-комуникација.

„Plenus annis abiit, plenus honoribus“ (Полн со години и целосни почести) - беа прошталните зборови од МАНУ до својот починат член академик.

Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од...

Posted by Филозофски факултет - Скопје on Monday, January 11, 2021

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.