Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Петок, 07 Август 2020

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница, завчера на 5 август, донесе одлука за прогласување кризна состојба на делови од државата, поточно на јужната и северната граница од територијата на РСМ.

Ваквата одлука следуваше согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Владата ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, се вели во соопштението од Владата на РСМ.

Главниот штаб за кризи оперира, соработува со општинските кризни штабови, па Гевгелија како погранична општина е вклучена во соработката со Главниот кризен штаб. Инаку, јавноста е сведок на бројните извештаи на МВР само во текот на овоаа година, особено во периодот на епидемијата со корона вирусот во нашата земја, на засилени акции и пронаоѓање нелегален транспорт на мигранти. Само во последните 12 дена откриени се седум нелегални превезувања на мигранти со по 3 до 50 лица во возилата, или вкупно 126 мигранти во седумте спровендени акции на откривање и санкции. Од пронајдените мигранти и спречен транзит низ земјава, не мал дел од лицата по постапката на МВР беа спроведувани во Транзитниот Центар „Винојуг“ кај Гевгелија, односно точно 53 од мигрантите биле згрижени во ТЦ „Винојуг“. Со тоа Гевгелија е директно заинтересирана за сузбивање на нелегалниот премин на мигранти низ јужната граница и нашата земја, како можни преносители на корона вирусот, од кој се штитат сите земји од светот.

 

Last modified on Петок, 07 Август 2020 - 14:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.