Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Четврток, 06 Август 2020

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите рече дека Грција нема препораки за отварање на границите кон други земји за влез во Грција со оглед на порастот на пандемијата во Европа и светот. Тој посочи три области на загриженост на ширење на вирусот во Грција (за што следуваат мерките), а тоа е континуирано поминување на копнените граници кон Балканските земји од страна на грчки граѓани и оние кои имат дозвола за престој, забавите во ноќните клубови, прославите (свадби и крштевки) и трето, ситуацијата со превозните средства.

Затварањето на излез од ГП „Евзони“ кон ГП „Богородица“ од 23 до 07 часот следниот ден индицира дека Грција сака да го ограничи, спречи влегувањето на грчките државјани кои во овој термин најчесто ги посетуваат локалните казина на југот од Македонија.

- „Соопштуваме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од утре вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен Промахонас кон Бугарија“, рече Пецас.

Конкретната мерка е веќе на сила на ГП Какавиас со Албанија, а од утре ќе важи и за Евзони (со Македонија), Кристалопиги (со Албанија), Нимфеа (со Бугарија) и Кипи (со Турција).

Пецас истакна дека следната седмица е клучна за текот на пандемијата во земјата, по што објасни дека ќе ги превземат сите дополнителни мерки што се неопходни доколку за тоа постои препорака од експертите, пренесува А1.он преку дописникот за МИА од Грција.


Last modified on Четврток, 06 Август 2020 - 16:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.