Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Вторник, 04 Август 2020

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.

Ова е второ продолжување на мерката за затварање на грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ кон РСМ што го применуваат грчките гранични служби на предлог на Владата на Грција. Првото затварање настапи на 22 јули со најава дека ќе трае до 4 август. Денеска наместо отварање на границите во 24 часот грчките гранични служби со ново известување до своите колеги од РСМ најавуваат дека оваа мерка ќе трае уште 10 дена, заклучно со 15 август.
Досега на преминот „Стар Дојран“- „Дојрани“ се одвиваше непречено товарниот сообраќај и за влез и за излез од државата и влез на грчки државјани, или странски во Македонија, но не и наши патници, или странски државјани кон Грција. Сите тие сега треба да го користат преминот „Евзони“, односно македонскиот граничен премин „Богородица“ кај Гевгелија, соопштуваат од МВР.

 

Last modified on Вторник, 04 Август 2020 - 13:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.