Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Честит 2 август – Денот на републиката

Недела, 02 Август 2020

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката, но за разлика од претходните години заканата од коронавирусот значително ја промени сликата која сме навикнати да ја гледаме на овој историски ден.Овој пат, држењето на социјална дистанца и носењето на маски беше приоритет, а бројот на посетители беше значително намален без народни собири.

На Мечкин Камен одбележувањето го предводеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, како заменик на досегашниот собраниски спикер Талат Џафери, на кого поради здравствената состојба му е неопходен дополнителен одмор.
Пред споменикот на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце свежо цвеќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој во својот говор кажа битката на денешната генерација е да обезбеди достоинствен живот на граѓаните во земјата, а не надвор од неа, за тоа мора да има правда и слобода.

- „Сега кога парламентарните избори се завшени очекувам што е можно побрзо да се конституира новото Собрание и новата Влада. Следната Влада нема да ја има комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите сто дена. Актуелните трендови со вирусот нема да дозволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми секогаш носат нестабилност и граѓанско незадоволство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ ќе мора дапочнеме со имплементација со правните реформи и да ја интензивираме борбата против криминалот и корупцијата.

Пендаровски наведе дека на граѓаните повеќе од било кога им е потребно граѓанско помирување, за кое очекува поддршка од политичките партии, но и од граѓаните.

Свеченост се одржа и на скопското Кале. Таму говореше техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој во својот говор истакна дека на Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност.

Голем број на делегации се поклонија и пред спомениците на АСНОМ, Никола Карев и Методија Андонов Ченто во Скопје, a цвеќе беше поставено и во Македониумот во Крушево.

„На денешен ден, 2 Август - Илинден, е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903 година, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста.
Македонската државност и слободата не се подарок, туку се остварени со многу жртви. Тие жртви денес не мотивираат при градењето на подобро и поправедно општество за сите наши граѓани.
Нека ни е честит и вечен 2 август - Денот на Републиката!“ - објави Владата во својата празнична честитка.


Last modified on Недела, 02 Август 2020 - 15:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.