Топ Новости

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Недела, 05 Април 2020

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е денешниот биланс во битката со корона вирусот во Македонија.
Вкупната бројка на заразени и заболени со ковид-19 изнесува 555.

Меѓу заболените се и 52 медицински лица, од кои 34 се заразиле со вирусот во амбулантски услови обавувајќи ја својата здравствена дејност. Тоа значи дека 9,5% од вкупниот број на заболени се здравствени работници.

Овие податоци ги изнесе денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче . Најголемиот дневен пораст на новозаболени и големиот број дијагностицирани и заболени, а меѓу нив и медицински лица заразени со корона го натера министерот Филипче да најави дека Македонија влегува во втората фаза од битката со корона епидемијата. Повтори дека пикот на епидемијата се очекува околу крајот на април и прогнозираните околу 2.000 заболени.
Министерот Филипче ги повтори заложбите до граѓаните да се придржуваат кон хигиенските мерки и избегнувањето контакти со други лица применувајќи самоизолација со цел да го сочуваат своето здравје и јавното здравје на заедницата.
Тој упати порака и до своите колеги доктори, медицински персонал да се штитат додека се на работа, бидејќи здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници во државата.

Last modified on Недела, 05 Април 2020 - 16:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.