Топ Новости

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време на вонредна состојба

Сабота, 04 Април 2020

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата една од мерките на Владата е затварање на границите за влез на странски државјани од земји со висок и среден ризик од корона, освен за наши граѓани повратници од странство, но со задолжителен државен карантин од 14 дена.

Во овој режим на затворени граници за промет на патници од странство, Македонските гранични премини остануваат отворени за товарниот сообраќај со кој се остварува промет на стоки, материјали, со кој се одржува активна домашната економија, медицинска опрема, транспорт на донации, се обезбедува здравствена опрема, медицински материјали, заштитни средства и дезинфициенси, се' во сферата на задравството и помагање на ресурсите на македонскиот здравствен сектор во справувањето со епидемиолошката криза со корона вирусот.

Во тој контекс и Царинската Управа на Македонија ја испорачува пред јавноста важноста на нивната дејност како сектор од Министерството за финансии на РСМ, извршувањето на должноста цариник професионално и одговорно.

Секојдневното изведување на царинските услуги за стотиците возила кои поминуваат низ отворените гранични премини во државата го поставуваат царинскиот службеник на првата линија во одржувањето на општествениот систем, како во редовна, така и во сегашната вонредна состојба во државата. Заедно со лекарите и медицинскиот персонал кои се редовно во борба со одржување на јавното здравје, полицијата со одржување на јавниот ред и мир, особено почитувањето на полицискиот час за граѓаните, изјавите за самоизолација на повратниците од странство и лицата кои се во државен карантин, така и цариниците се на првата линија во државата за спречување на нелегален влез на патници од забранети земји (со корона ризик), спречување на внес на стоки со недеклариран квалитет, обавување на царинските процедури и навремен влез на сите потребни увозни репроматеријали за македонското стопанство.

„И мора да бидеш брз, одлучен да умееш и да контролираш, прегледаш и провериш, но и да не го застанеш и го забавиш движењето и транспортот. Зошто чека стопанството, чека општеството, чекаат твоите луѓе, твојот народ.
Тука си и за поддршка на сите гранични служби и Полиција, и фитосанитарна, ветеринарна, здравствена контрола, и да бидеш сигурен дека луѓето ќе добијат безбедни и квалитетни производи. И се’ треба да е испочитувано да знаеш дека си ја завршил својата улога дека го штитиш и чуваш здравјето на луѓето и општеството.
И не се жалиш, ти си на работа. Човек си, страв ти е, но не за себе, за луѓето, за семејството. Но, ти си тука, мора да си тука, зошто должноста и одговорноста се посилни и поголеми од стравот.
Ти си цариник! Секогаш тука за сите! Секогаш во првите редови!“ - испорачуваат зборови на поддршка кон сите од Царинската Управа на Република Северна Македонија, до своите вработени, до сите кои во овие вонредни моменти се на своето работно место, до граѓаните на Македонија во чија служба се сите овие истурени сектори од нашиот здравствен, безбедносен и царински систем.

Еден од најфреквентните гранични премини во државата е секако ГП „Богородица“ на македонско-грчката граница кај Гевгелија со што голем дел и наши сограѓани ја остваруваат оваа важна царинска дејност и во овие важни и вонредни моменти во државата.


Last modified on Сабота, 04 Април 2020 - 22:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.