Топ Новости

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Четврток, 02 Април 2020

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со Европа и светот. Министерот за здравство Венко Филипче денеска извести дека на Македонија и е одобрен пристап до Европскиот солидарен Фонд, што значи дека рамноправно со сите Европски земји учествуваме во набавката на материјали и апарати, се' што е во врска со потребите на здравството неопходно за здравствените институции во борба со корона вирусот.

- „Се изедначуваме со земјите членки на Европската Унија, што значи огромна придобивка. После одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија ова значи дека се изедначуваме во конкурентноста, заради тоа што во овој момент навистина е тешко да се дојде и набави потребната опрема во борба со корона вирусот што е предизвик за целиот свет. ЕУ ги отвара вратите и ние сме рамноправни со европските членки во целиот овој процес“, изјави министерот Филипче.

Министерот објави и за една посебна донација од Холандија- Цел кабинет за дијагноза на корона вирусот. Станува збор за машина, комплетна опрема за дијагноза на корона вирусот, кабинет за изолација и тестови за 2.000 пациенти. Практично тоа е лабораторија која ќе го дуплира сегашниот капацитет на сегашната постојна лабораторија во Институтот за јавно здравје во Скопје.
Холандија оваа донација ја доделува на Македонија преку Меѓународната Агенција за атомска енергија со седиште во Виена и Светската здравствена организација, исвести министерот Филипче изразувајќи јавна благодарност до овие меѓународни институции и донатори.

Посебна донација е одобрена од Германската Амбасада во РСМ заедно со Амбасадорот за што се подготвува листа на донатори на сметка на Министерството за здравство во борбата со ковид-19 и листа на опрама која е донирана.


Last modified on Четврток, 02 Април 2020 - 18:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.