Европски експерти контра Захариева

Понеделник, 02 Ноември 2020

Герланд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност и Флориан Бибер од Универзитетот во Грац, кои важат за добри познавачи на состојбите на Балканот се спротивставија на барањата на бугарската министерка за надворешни работи Захариева за бугарските корени на македонскиот јазик и идентитет.

- „Замислете Германија да инсистира дека Австрија треба да признае германските корени, заканувајќи се со тензии ако не го направи тоа! Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“.

Ова е реакцијата на Герлалд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност на изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева дека Македонија треба да ја признае „историската вистина“, односно дека македонските јазик и идентитет се со бугарски корени.

И Флориан Бибер од Универзитетот во Грац, преку Твитер, напиша: „Ернест Ренан го знаеше тоа подобро: Постоењето на нација е секојдневен референдум, исто како што постојаното постоење на индивидуа е вечна афирмација на животот“.

Кнаус и Бибер важат за добри познавачи на состојбите на Балканот.

Last modified on Понеделник, 02 Ноември 2020 - 13:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.