Сликата на руинираната училница, и целата зграда во училиштето во Злетово е реакција на Фејсбук која ја постави жител на тамошната општина.
Ова е загрижувачка вистина за состојбата во македонското образование, наспроти големите проекти за компјутер за секо дете, печетањето на учебници и учебни помагала, преводи на странски стручни наслови, ваучери за студентите, а основното образование кое треба да биде надградба на сето останато, стои руинирано, заборавено со години.
Вистината излегу на виделина, па макар и од случаен минувач кој не останал рамнодушен на гледката и ја фотографирал запустената училница во Злетово.
Подолу Ви ја приложуваме фото галеријата што ја направи Стефанија Митевска, член на платформата „Фото глас“.
Трагично е што сето тоа го гледаат околните жители, пазарџии, (видливи се присутните тезги), како и постерите со изборните плакати за кандидатот за претседател, а веќе избран. Значи местото е прометно и пред очи на сите, па дури и на локалните власти, руинирано и заборавено, служејќи за паркинг и отпад.