Тензиите во постизборна Северна Македонија ги виде само „Србија данас“

Недела, 26 Јули 2020

Пишува: Оливера Војновска 

Интернет платформата Srbijadanas.com излезе со прилично проблематичен, спектакуларен наслов: ТЕНЗИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Изборите штотуку поминаа, а меѓусебните обвинувања за малверзации не престануваат (TENZIJE U SEVERNOJ MAKEDONIJI: Izbori tek što su prošli, a međusobne optužbe za malverzacije ne prestaju).

Самата насловна конструкција остава впечаток дека во Република Северна Македонија постизборно е зовриена атмосферата. На српската јавност ѝ испраќа порака дека во нашата земја има некаква зголемена политичка напнатост, односно, какo што вели насловот, „тензии“. Ова, се разбира, не е точно и воопшто не одговара на реалната состојба и целокупниот амбиент во државата. Па, освен што е комплициран и предолг, насловот е претенциозен и манипулативен.

Северна Македонија минува период во кој го заокружува изборниот процес – течат предвидените законски процедури на жалбените постапки на партиите, по што Државната изборна комисија (ДИК) треба да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламаентарни избори одржани на 15 јули. Согласно законските рокови најдоцна до 4 -ти августи треба да се конституира новиот парламетнарен состав, а потоа во рок од десет дена претседателот Стево Пендаровски треба да го додели мандатот на оној кој ќе формира мнозинство од најмалку 61 пратеник.

Навистина, во оваа фаза има политички напади, зачестени прес-конференции на партиите, обвинувања за кражба на гласови и фалсификат… Но, тоа е една сосема вообичаена постизборна ситуација, ништо поразлична од онаа што сме ја гледале во досегашните изборни циклуси.

Од друга страна, кога во насловот ќе се прочита дека некаде има тензии, очекувањата се дека од содржинскиот дел ќе се добие конкретна информација за тоа. Арно ама, внатре во самиот напис такво нешто нема. Содржината, фактички, е коректна – дава приказ на поднесените тужби од партиите кои најпрво се жалеа во ДИК за иборни нерегуларности, а откако им беа одбиени приговорите поднесоа тужби до Управниот суд.

Е сега, тука во текстот е направена грeшка, па наместо Управен наведено е дека „Алијансата за Албанците поднела 75 тужби до Уставниот суд“. Но, несомнено се работи за ненамерен превид направен од невнимание или недоволно познавање на македонскиот правен систем, што и не е голем грев.

Инаку, текстот делува како малку застарено, бидејќи говори за „поднесени тужби“, иако истиот ден кога е објавен – 22.07.2020 г. веќе има информација дека сите поднесени тужби се одбиени. Се разбира, постои можност ваквата информација во македонските медиуми да била пласирана подоцна во денот, односно откако Srbijadanas.com го објавила написот.

Сепак, останува забелешката дека насловот е тендензиозен, претеран и ја дезинформира српската публика за состојбата кај нивниот јужен сосед после изборите.

___________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

Last modified on Недела, 26 Јули 2020 - 01:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.