Дезинформација е дека ФЗО не ги исплаќа надоместоците за боледување и породилно отсуство

Вторник, 21 Јули 2020

Пишува: Убавка Јаневска

Рецензираме текст со наслов „Власта си тераше кампања а граѓаните оставени без надоместок за боледување и породилно“ објавен на Курир на 17 јули, годинава. Преку пренесување изјави на анонимни граѓани од социјални мрежи кои биле „бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат“, порталот открива дека ниту исконтактирал ниту истражувал на темата. Но, во текстот коментира:

Владата на СДСМ очигледно толку навлезе во кампањата за изборите и ги ангажираше своите партијци во институциите на ова поле, што тотално заборави на граѓаните.

Ваквиот пристап е спротивен на член 1 и член 13 на Кодексот на новинарите кои го обврзуваат авторот да објавува точни и проверени информации како и да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Рецензираниот текст некритички пренесува наводни и вулгарни реакции на социјалните мрежи, и не содржи информации на втората страна. Во конкретниот случај нема став од Министерството за труд и социјална политика од чиј буџет се префрлаат финансиските средства на Фондот за здравствено осигурување за вршење на исплатата на надоместоците на граѓаните.

„Дезинформацијата се состои во тоа што посочениот текст Курир не ги содржи информациите на динамиката на исплатата на боледувањата која секој месец е иста, веќе од 2008 година додека од 2011 година, таа е електронска преку системот на ФЗО. Системот прво ги прибира податоците од фирмите за исплата на месечната плата на вработените и потоа од денот на отворено боледување на работникот го пресметува делот што тој треба да го добие како осигуреник од државата. Тоа значи дека фирмата прво треба да исплати плата. Системот како најчести пикови ги регистрира деновите 10, 15 или 20 во тековниот месец. Тоа се датуми на земена плата на осигурениците за претходниот месец кои генерираат податоци што овозможуваат да се пресметаат боледувањата и да се исплатат. Оваа востановена динамика на исплата се однесува и на надоместоците за породилните отсуства и надоместоците за продолжените породилни отсуства“, рече Миле Сугарев, директорот на Фондот за здравствено осигурување, за Вистиномер.

Во допис како одговор на новинарско прашање за Вистиномер.мк од ФЗО пишува дека во услови на епидемијата со корона вирус заклучно со месец мај, годинава, без варијации и во целост се исплатени надоместоците за породилно боледување како и надоместокот за продолжено породилно боледување.

Во месец јуни се изработени и исплатени 8681 надоместоци за породилни боледувања, додека во текот на месец јули, до 21 јули 2020 година, се процесуирани и исплатени 4790 надоместоци. Остатокот за јули се исплаќа секојдневно и до средина на наредната недела ќе бидат исплатени на нашите осигуреници. Оваа динамика на плаќање е востановена пракса која се применува секој месец. За продолжено породилно отсуство во месец јуни се исплатени 3644 надоместоци додека во месец јули 4741 надоместоци се процесуирани, изработени, одобрени и веќе се исплаќаат. До средината на наредната недела средствата ќе бидат легнати на сметките на осигурениците.

Од Министерството за труд и социјална политика се децидни дека сите трансфери кон Фондот за здравствено осигурување тековно се исплаќаат, околу 20 –ти во месецот, по добиени фактури. Министерството соопшти дека во изминатиот период немало, но и дека ќе нема доцнење на исплатата на кое било право или надоместок затоа што во буџетот има средства за нивна исплата.

________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Вторник, 21 Јули 2020 - 22:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.