Пишува Билјана Димко
Рецензираме текст со тенденциозен наслов и тенденциозна фотографија, кои оставаат впечаток дека на некој начин зголемениот број на новозаразени кој изнесува 241 за еден ден, е некако поврзан со Заев и Филипче. Насловот е „ДАНСОТ“ НА „ЧЕКИЧИТЕ“ ПРОДОЛЖУВА: Рекордни 241 позитивни од 1 700 тестови, 8 починати!“
Изведениот наслов остава впечаток дека е најверојатно инспириран од изјава која ја има дадено Заев за стратегијата на „чекан и танц со вирусот“.
Според оваа стратегија на почетокот се спроведуваат остри рестриктивни мерки со цел да се даде поголем временски период да се изнајде вакцината и да се спремат болничките капацитети и се добива на време, а потоа се олабавуваат мерките.
Станува збор за тенденциозен наслов со коментар, а текстот всушност е дневната статитистика на Министерството за здравство со бројките на новозаразени, излечени и починати од Ковид 19 во земјава.
И покрај тоа што самиот текст е статистичка информација за дневниот биланс, насловот искажува пристрасност. Во дополнителна изјава на Филипче, тој дообјаснува дека оваа дневна бројка е варијација во само еден ден и тоа како резултат на зголемен број новозаразени во штипска конфекција.
___________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен