Дострелот на малата Екатерина

Четврток, 17 Декември 2020

Колумна на проф. д-р Темелко Ристески од ФОН во која се осврнува на неодамнешната изјава на бугарската шефица на дипломатијата со која ги изедначи Тито и Хитлер.

На дождливиот осми мај 1980 година кога небото плачеше, а човештвото се опростуваше од Маршалот на Југославија, великанот Јосип Броз Тито, Екатерина Захариева имала само пет години. Како и секое петгодишно девојче, си играла со куклички. Повремено мама и тато ја воделе за рака на прошетки и излети. Тогаш често барала да и купат чоколадо. Ако не и ја исполнеле желбата гласно плачела. Светската политика и случувањата во неа не ја интересирале. Не можела да дознае дека на погребот на Тито дојдоа да му оддадат последна почит преку 160 шефови на држави: претседатели и монарси – кралеви, цареви, шеици шахови и др. Оние кои што од лични причини не можеа да дојдат, ги испратија своите најблиски.

Денес, четириесет години потоа, некогашното петгодишно девојче Екатерина Захариева е министер за надворешни работи на нашиот источен сосед. Од таа позиција таа го изедначи Тито со Адолф Хитлер тврдејќи дека тој – Тито бил диктатор кој (според неа) убил еден милион и седумстотини илјади луѓе и дека денес славењето на неговото име и дело во нашето Скопје е исто што и славењето на Хитлер во Берлин.
Ако човек и поверува на Екатерина и ако заклучува според латинската поговорка Similes simili gaudet- Сличните сличниот го слават (почитуваат), ќе испадне дека сите 160 и кусур шефови на држави кои дојдоа да му оддадат последна почит на Великанот, биле диктатори и убијци или, во „најмала рака,“ негови обожаватели.

Министерската позиција е многу висок дострел и блиску до врвот на кариерата на политичарот. Врвот е шеф на државата. Во нашиов случај тоа е претседателот на Република Бугарија. За да дојде до врвот на политичката кариера министерот треба да помине само едно скалило – премиер. Во сите области на општествениот живот висок и највисок дострел во кариерата се постигнува со многу учење, многу знаење и, пред се и над се, многу работа.

Како и сите други успешни луѓе, така и Екатерина учела и, без сомнение , многу работела. Но, учејќи не научила дека Јосип Броз Тито, за време на Втората светска војна беше водач на најголемото движење на отпорот против фашизмот во Светот – Народно ослободителната војна на Југославија; дека неполна деценија потоа, заедно со претседателот на Индија Џавахарлал Пандит Нехру и претседателот на Египет Гамал Абдел Насер ги удрија темелите на движењето на неврзаните (вонблоковските) земји во кои живееше повеќе од половината од светската популација; дека за време на „ладната војна“ која неколку пати се закануваше да прерасне во „жешка,“ неврзаните земји беа ефикасен баланс меѓу двата високо антагонизирани воено-политички блока – западниот НАТО и источниот Варшавски пакт; дека до својата смрт Тито беше најпочитуваниот лидер на неврзаните земји чиј збор ,без поговор, се почитуваше; дека беше радо приман и почитуван гостин во сите држави во светот, мали и големи, на исток и на запад, на север и на југ на Планетава Земја; дека не беше диктатор и убиец на југословенските народи, туку, поради неговите заслуги за ослободувањето на Југославија (а во рамките на неа и на Македонија), за нејзината повоена изградба и за нејзиниот огромен углед во светот беше избран за доживотен претседател на Републиката (Социјалистичка Федеративна Република Југославија); дека беше рамо за плачење на сите југословенски граѓани кои за секој спор што не можеа да го решат со локалните бирократи испраќаа поплаки и претставки до него на кои добиваа брзи одговори, со негов личен потпис, по што следеше брзо решавање на проблемите со бирократите. Таков човек не може да се нарече диктатор.

Ова се уште не го научила Екатерина. Да го беше научила немаше Тито да го нарече диктатор и убиец и да го изедначи со Хитлер, а оние 160 и кусур шефови на држави кои дојдоа да му ја одадат последната почит, да ги сведе на обожаватели на диктатор и убиец.

Таа тоа не го научила. Но, има време да го научи. Тогаш кога ќе го научи ќе постане почитувана министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, а во иднина, можеби, и почитувана прва жена - претседател на Република Бугарија како членка на Европската Унија, со отворени граници и развиена интензивна соработка со Република Македонија во сите области на општествениот живот која тогаш – во иднината, исто така ќе биде членка на Европската Унија.


Автор: Темелко Ристески - професор по правни науки на ФОН



Last modified on Четврток, 17 Декември 2020 - 17:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.