Бучковски за софиски „Дневник“: Немаме заедничка историја ако таа е само ваша!

Четврток, 19 Ноември 2020

Поранешниот премиер на Македонија Владо Бучковски за бугарскиот весник „Дневник“ изјавува дека не ја признава заедничката историја со Бугарија ако тие ја припишуваат како само да е нивна. Во интервјуто за софискиот весник вели:

- „Заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија не може да биде само бугарска историја. Ако нешто е заедничко, тоа не може да биде само ваше. Во исто време, тензиите во последните неколку недели се резултат на грешки на обете страни, а ветото за разговорите со ЕУ ќе биде удар за обете страни. Предолго тапкаме на едно место во нашите односи и се разнишува убедувањето дека Бугарија и Северна Македонија не можат да се вратат во времето кога заради пропагандата кај нас и кај вас толку многу се одалечивме, а всушност сме толку блиски.

Ова во интервју за бугарски „Дневник“ го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој, како што наведува порталот, заедно со Љупчо Георгиевски, е познат по своите иницијативи за подобрување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија. Бугарскиот весник интервјуто со Бучковски го наслови со: „Некој се обидува да гради Берлински ѕид меѓу нас“

Како што се објаснува, интервјуто било направено во последниот ден на кој амбасадорите на земјите од ЕУ мораше официјално да дадат согласност за почеток на преговорите со Северна Македонија. На прашањето дали е оптимист Бучковски вели дека во оваа атмосфера не може да се биде оптимист.

- „Но, се надевам дека во последната недела имаше серија задкулисни разговори водени од германското претседателство со цел да се договориме за формулацијата во рамките на преговорите и во последен момент да се формулираат некои од барањата во декларацијата на бугарскиот парламент (што претходеше на Рамковната позиција на бугарската влада) и на тој начин да се создаде простор за вин-вин ситуација“, изјави Бучковски.

- „Иако се чини како тешка мисија, се надевам дека ако има малку разбирање во Софија да не се направи кардинална грешка, ова ќе биде историска шанса Бугарија повторно да се третира како сојузник и најдобар пријател, а не како кочница за пристапот на Северна Македонија кон ЕУ“, истакна Бучковски.

Во врска со решавање на отворените билатерални прашања, тој смета дека треба да се даде време на стручната комисија. „Преговорите ќе траат 6, 8, 10 години. Довербата ќе треба да се врати“, изјави Бучковски.

„Во Договорот за пријателство се наведува дека ќе има меѓусебно почитување. Ми недостасува тоа. Како некој да сака да нема меѓусебно почитување, туку заемно понижување. Бугарија има многу можности, доколку Северна Македонија не оди напред во таканареченото препрочитување на историјата, да го искористи правото на вето“, изјави Бучковски. Тој додаде дека доколку тоа (ветото) се направи сега, а комисијата договори состаноци – еден во декември, пет следната година – мисијата е невозможна.

„Говорот на омраза ќе доминира, ќе има притисок и мислам дека не е можно да се работи во такви услови. А, ако преговорите започнат, ако работата на комисијата продолжи, верувајте дека најскептичните во Бугарија ќе видат дека има драматично придвижување напред“, изјави Бучковски.

Тој вели дека очигледно постојат сили кои немаат корист Бугарија и Северна Македонија да се силен блок на Западен Балкан, туку да има невралгични точки кои се повторуваат.

„Гледате што се случува на Косово, приказната во Република Српска во Босна и Херцеговина е недовршена. Знаете, во октомври минатата година, кога не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, беа распишани избори. Мислам дека непотребно се доведе во прашање тоа што е направено во последните три години“, истакна Бучковски.

„Ако се тргне со добра волја, а тоа беше намерата во договорот, да се создаде рамка и да дадеме можност да продолжиме да ја градиме довербата, која што е нарушена во последните 2 недели“, изјави Бучковски во интервју за бугарски Дневник.

 

Last modified on Четврток, 19 Ноември 2020 - 12:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.