Македонецот д-р Наумов на чело на тим кој истражува вакцина против Ковид-19

Недела, 03 Мај 2020

Повеќе од 20 земји во светот работат на истражување на вакцина против болеста Ковид-19. Меѓу нив се и Обединетите Арапски Емирати каде во лабораторија во Абу Даби работи, поточно предводи 15 член тим и научникот од Македонија, 45 годишниот штипјанец Панче Наумов. Заедно со својот тим работат на истражување на термички потенцијално стабилни вакцини против овој вирус. Засега сите досега развиени вакцини се распаѓале на собна температура. Тоа значи треба да се чуваат во ладни услови, а тоа значи проблем при транспортирање на далечни услови и неефикасност на вакцината во топлите периоди. Сепак Наумов вели „прашање на време е кога ќе биде откриена и какви нуспојави би предизвикала кај луѓето. Затоа интензивно се истражува до пронаоѓање на ефикасна вакцина.
Токму неговиот научен придонес деновиве беше повод оваа земја каде работи и живее да му додели специјална награда, специјален статус, за неговиот научен придонес, заедно со уште 10 научници кои творат во ОАЕ.
За ТВ 24 Панче Наумов вели дека наградата е всушност „златна виза“ за неговиот придонес кон науката на оваа држава, статус којшто во иднина ќе му овозможи да работи и живее во оваа земја. Специјалната награда за првпат беше воведена минатата година, а се доделува на мал број истакнати бизнисмени, истражувачи, доктори, иноватори и други професионалци, кои што имаат особено важен придонес за развојот на Обединетите Арапски Емирати.
Помеѓу другите добитници на оваа награда од други области, како што е спортот, се истакнати меѓународни спортисти како Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо.

Запрашан за состојбата со корона пандемијата во светот и кога светот ќе може да ја стави под контрола, научниот истражувач и професор Наумов вели дека „Оваа пандемија не завршува за два месеца. Речиси е сигурно дека ќе има нов пик во септември. При пандемијата не загрижува толку смртноста која е некаде до 3%, туку брзото ширење на вирусот, големиот број на заболени во еден ден и неможноста здравствениот систем да одговори соодветно кон сите заболени“.

Д-р по хемиски науки и автор на многу научни истражувања, Наумов во интервјуто за ТВ 24 изјави дека секојдневно ја следи состојбата со короната во Македонија, од земјата каде потекнува. Вели „Импресиониран сум од мерките на Владата во Македонија против корона вирусот“. За пример наведе дека при појавата на короната во Италија бил на меѓународен докторат во таа земја и бил сведок на немоќноста, неорганизираноста и неспремноста на државата да превземе конкретни мерки. Ја напуштил Италија два дена пред да се прогласи карантин и затворат границите. За Македонија вели дека вирусот се појавил подоцна па властите биле доволно информирани со што си имаат работа и превземаа конкретни мерки за заштита од ширењето на корона вирусот. Јас сум импресиониран, повтори македонскиот а светски научник Наумов.

Од неговата професионална биографија ќе споменеме дека Панче Наумов е докторот по хемиски науки и наука за материјали, професор на Универзитетот во „Њу Јорк “(New York University), а од пред две години и на Институтот Редклиф за напредни науки на Универзитетот „Харвард“. Како професор на Универзитетот „Њу Јорк“ е основач на Одделот за хемија на дисперзираниот огранок на овој универзитет во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Истовремено е и насловен вонреден професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Научникот Наумов во вистинска смисла на зборот неколку години живее и работи меѓу неколку градови на земјината топка. Постојано патува меѓу Абу Даби, потоа Бостон во САД, Гоа во Индија и Охрид во Македонија.

На прашањето во однос на теориите на заговор - Дали е вирусот корона природен или создаден лабораториски Наумов одговори:
- „Јас не сум поборник на теории на заговор. Ја знам способноста на мутација на вирусите како несложени организми. Тие може да бидат брзи и чести, некои се неопасни, а некои се опасни мутации. Кај луѓето како сложени организми мутациите не се така брзи и можни. Затоа верувам дека ова е мутиран вирус од природната средина“.

За животот после пандемијата, како ќе изгледа, ќе мора ли да живееме со маски?

Наумов одговори дека за време на својите магистерски студии и докторатот на Универзитетот во Јапонија, тој живее во оваа земја 13 години продолжувајќи со работа и научна денјност. „Таму постојано во целиот период среќавав луѓе со заштитни маски. Тоа е култура на заштита ако е некој болен од грип, заштита ако е некој алергичен на нешто и тоа беше слика како на улиците, така и во метрото, на јавните простори, секојдневно. Неможеме да очекуваме нашиот начин на живеење да биде ист како порано. Никогаш веќе нашиот начин на живеење нема да биде ист како порано“, потенцираше Наумов во однос на пандемијата.
„Светот стана многу поврзан, па се наметна потребата од изолација, немањето контакти, поврзаност преку интернет. Овој вирус без разлика како настанал ќе не' промени како човештво, не само во начинот на комуникација, туку и нас како индивидуи помеѓу себе. Тоа е следниот чекор, воведување дигитално општество, многу работи ќе се прават преку компјутер, ќе се комуницира преку интернет. Тоа е дел од Четвртата индустриска (дигитална) револуција која што му претстои на самото човештво.

Научникот и професор на Универзитетот Харвард, македонецот Панче Наумов на прашање од новинарот „Дали би се вратил да работи во Македонија?“ одговори:
- „Јас секогаш сум отворен кон таа можност, многу сакам да придонесам на земјата од која потекнувам. Во Македонија имам многу драги лиѓе, пријатели, роднини и би сакал во која било прилика, во која било можност јас да го направам тоа“, рече скромниот и вреден македонски истражувач, научник, доктор по хемија и наука за материјали кој во моментот работи на откривање на вакцина против Корона вирусот и болеста Ковид-19 од која светот веќе неколку месеци е во состојба на пандемија.

 

Last modified on Недела, 03 Мај 2020 - 02:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.