Илина: Среќна Нова од Антарктика

Четврток, 02 Јануари 2020

Првата македонска алпинистка која го искачи највисокиот врв на Антарктикот, Илина Арсова со видое се јави од тамошните предели во кампот под врвот Винсон (4.892 метри надморска височина) кој го искачи со тим од меѓународни алпинисти на 28 декември 2019. Ова е последното спортско остварување за 2019 од македонски спортист со запишување во аналите на светската алпинистичка историја дека македонската Илина е една од 60-те жени во светот на кои им успеало да ги искачат сите седум врвови низ светките континенти според Меснеровата листа.

- „Кратко видео по искачувањето на врвот Винсон, Антарктикот и завршувањето на моите 7 искачени светски врвови како прва македонка. Среќна стара година која завршува и Среќна Нова година која доаѓа“ порачува Илина до своите пријатели на социјалните мрежи. Таа во 2013 го искачи највисокиот врв на светот Монт Еверест како прва жена од Македонија на која тоа и успеало, а беше заборавена од спортските и тогашните државни фактори за било какво признание, награда, или макар спомнување за спортист на годината. После сите остварувања, овој пат не треба да биде заборавена.

Илина ја дочека Новата година во авион некаде на лет до дома, а се очекуваше вечерва да пристигне во Македонија.

Честитките за Новата година од Илина во видеото, а ние и честитаме на успехот.




Last modified on Четврток, 02 Јануари 2020 - 21:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.